Мистериозниот вселенски авион X-37B се врти на Земјата откако мина рекордни 908 дена во орбитата.
X-37B слета во Вселенскиот центар Кенеди минатиот викенд, со што успешно ја заврши шестата мисија во вселената. Американската вселенска агенција НАСА не откри детали што точно правеше вселенскиот авион во вселената. Потврдено е дека во октомври, 2021 година достави сателит FalconSat-8 развиен од Академијата на американски воздушни сили. Овој мал сателит носи пет експерименти и понатаму се наоѓа во орбитата. Дел од него е и фотонапонски радиофреквентен антенски модул дизајниран да ги претвори сончевите зраци во микробранова енергија и да ја пренесе енергијата на Земјата.
За првпат, авионот полета во 2010 година. Пред оваа мисија X-37B има однесено сателити во вселената и на Земјата се врати во 2019 година, по минати 780 дена во вселената.
Некои од експериментите вклучуваа изложување на семиња на вселенски услови за да се соберат податоци за одгледување билки во идните мисии и воспоставување на постојано населени бази во вселената.
Вториот елемент се однесува на ефект на вселенска радијација на различни материјали по што НАСА врши споредби со материјали од Земјата.