Шевролет потврди дека во одреден момент ќе претстави електрична верзија на познатата Corvette.
Меѓутоа, кога тоа ќе се случи, овој електричен спортски автомобил нема да биде првиот од ваков вид.
Всушност, првата електрична Corvette ја направи Моторола во 1990-тите во Илиноис. Моторола ја модифицираше четвртата генерација на овој спортски автомобил со V8 мотор за да може да работи на струја.
Во време кога електричните автомобили беа далеку од реалноста, Моторола создаде прототип на електричен автомобил кој лесно може да се натпреварува со спортските автомобили на бензин денес. Што е уште поинтересно, на интернет речиси и да нема информации за овој електричен автомобил.
Тоа е навистина импресивен проект кој живеел во аналогната ера и завршил пред интернетот да го надмине и да го овековечи за светот.
Освен голем куп хартии кои вклучуваат шеми и бројни пресметки, многу малку се знае за ова возило. Посебно интересен детал се табличките на автомобилот со ознаката EL (електрично возило), што во еден момент беше задолжителна ознака за електричните автомобили во Илиноис, но во времето кога беше создадена оваа Корвета – малкумина би го сфатиле неговото значење.
Електричната Corvette на Моторола однадвор изгледа речиси идентично со оригиналниот фабрички модел, додека внатрешноста е многу поинаква.
Под хаубата има кутии кои зафаќаат простор кој инаку би бил пополнет со V8 мотор. Некои од нив се означени со ознаки за „висок напон“, а ги содржат батериите што го напојуваат автомобилот. Батериите се наоѓаат и во багажникот и другите делови на автомобилот, а се верува дека тоа е така затоа што инженерите сакале да го спуштат центарот на гравитација на автомобилот.
Иако автомобилот моментално не е во возна состојба, се претпоставува дека бил многу брз бидејќи некои документи откриваат дека неговата моќност била 428 КС.
Моторола направи се за да го задржи целиот проект обвиен во тајност, дури и забранувајќи им на инженерите да работат на батерии на автомобили кога гостите се во нивните простории или во близина, но како и со многу работи во светот на технологијата, информациите го наоѓаат својот излез.