вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

НАСА и по трет пат го одложи лансирањето на ракетата за Месечината

НАСА и по трет пат го одложи лансирањето на ракетата за Месечината

Лансирањето на новата ракета на американската вселенска агенција НАСА на Месечината повторно е одложено, а наредниот пробен лет ќе се реализира нјрано на 27 септември. Лансирањето досега двапати беше одложено поради технички проблеми.

Овој долго очекуван пробен лет на мисијата Artemis 1, без екипаж на бродот, треба да го тестира Space Launch System во реални услови и капсулата Orion, каде што во иднина ќе се наоѓаат астронаутите.

Лансирањето би било пресврт во американските намери астрономите повторно да стапна на Месечината, по прв пат откако програмата Аполо била комплетирана пред околу 50 години.