Aмериканската Национална воздушно-вселенска администрација – НАСА објави слики од најголемата планета во Сончевиот Систем – Јупитер, направени со најголемиот вселенски телескоп во светот, „Џејмс Веб“.
– Никогаш не сме го виделе Јупитер ваков. Сѐ ова е прилично неверојатно… Не очекувавме дека ќе биде толку добро, да бидам искрена, изјави астрономот Имке де Патер од Универзитетот на Калифорнија, во Беркли, САД.
1. Make way for the king of the solar system! 👑
New Webb images of Jupiter highlight the planet's features, including its turbulent Great Red Spot (shown in white here), in amazing detail. These images were processed by citizen scientist Judy Schmidt: https://t.co/gwxZOitCE3 pic.twitter.com/saz0u61kJG
— NASA Webb Telescope (@NASAWebb) August 22, 2022
Вселенскиот телескоп ги направил снимките во јули, на коишто има досега незабележани погледи на северното и јужното светло на Јупитер и вртлогот на поларната маглина. Големата Црвена Дамка на Јупитер, бурата поголема од Земјата, јасно се издвојува меѓу безброј други помали вртлози.