НАСА на својот Твитер профил објави аудио снимка од вселената, која претставува звучни бранови кои доаѓаат од црна дупка и минуваат низ група галаксии.
„Заблудата дека нема звук во вселената доаѓа од фактот дека поголемиот дел од вселената е вакуум, низ кој не може да патуваат бранови. Јатото галаксии има толку многу гас што го снимивме вистинскиот звук. Овде тој е засилен и измешан со други додатоци за да се слушне црната дупка“, напишаа под видеото.
Таканаречената сонификација се разликуваше од претходните напори кои беа сведени на преведување на астрономски податоци во звук. Овој пат звучните бранови снимени од научниците беа преточени во звук.
НАСА објасни дека овие звучни бранови потоа се ресинтетизираат во звуци што луѓето можат да ги слушнат. Снимените тонови биле кренати за 57 или 58 октави и не биле репродуцирани со виолини или други инструменти.
The misconception that there is no sound in space originates because most space is a ~vacuum, providing no way for sound waves to travel. A galaxy cluster has so much gas that we've picked up actual sound. Here it's amplified, and mixed with other data, to hear a black hole! pic.twitter.com/RobcZs7F9e
— NASA Exoplanets (@NASAExoplanets) August 21, 2022