вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Научници откритија 8 километри широк кратер под океанот настанат во времето кога исчезнале диносаурусите

Научници откритија 8 километри широк кратер под океанот настанат во времето кога исчезнале диносаурусите

Астероид удрил на површината на планетата Земја пред 66 милиони години, оставајќи масивен кратер под океанот и предизвикувајќи хаос на планетата.

Сепак, тоа не е истиот астероид кој ги осудил диносаурусите на истребување. Овој непознат кратер, на 400 километри од брегот на западна Африка, е создаден во исто време. Понатамошното истражување на кратерот Надир, како што е наречен, може да го разниша тоа што веќе го знаеме за тој катаклизмичен момент во природната историја.

Јуседин Николсон, асистент професор на универзитет Хериот-Ват во Единбург го открил кратерот сосема случајно – тој ги прегледувал податоците од сеизмичките истражувања за друг проект поврзан со тектонското одвојување меѓу Јужна Америка и Африка, и така пронашол докази за кратерот под морето.

„Додека ги толкував податоците, наидов на ова многу необично нешто налик кратер. Прилично е поразлично од се што сум видел досега“, вели тој.

„Ги има сите карактеристики на кратер од удар на астероид“, додава тој.

За да биде апсолутно сигурно дека кратерот бил создаден од удар на астероид, тој вели дека ќе биде неопходно да се буши внатре во кратерот и да се истражат минералите на неговото дно. Сепак, ги има сите карактеристики кои научниците ги очекуваат од еден таков кратер – правилен однос на ширина и длабочина, како и висината на централното издигнување, ритче од карпи и седименти во центарот, создадени од притисокот на ударот.

Оваа истражување денеска го објави научното списание “Science Advances”.

„Откритието на кратер од удар е секогаш значајно, бидејќи тие се многу ретки во геолошките записи. Има помалку од 200 потврдени кратери од удари на Земјата, како и неколку кои се уште не е потврдени“, вели Марк Бослоу, професор по планетарни науки на Универзитетот Ново Мексико. Тој не бил инволвиран во истражувањето, но се согласува дека кратерот веројатно бил создаден од астероид.

Бослоу вели дека најзначајниот аспект од ова откритие е тоа дека е пронајдено под вода, за што има помалку познати примери.

„Можноста да се проучува подводен кратер од удар на астероид со оваа големина ќе ни помогне подобро да ги разбереме процесите на удари во океаните, кои се најчести, но најслабо сочувани“, додава Бослоу.

Кратерот е широк 8 километри и Николсон верува дека најверојатно бил предизвикан од астероид широк повеќе од 400 метри.

Иако е многу помал од астероидот со големина на град кој го создал 160 километри широкиот кратер Чиксулуб кај брегот на Мексико и предизвикал масовно уништување на поголем дел од животот на планетата, сепак станува збор за прилично голема вселенска карпа.

„Ударот на астероидот кој го создал Надир би направил сериозни последици локално и регионално“, објаснува Николсон. „Би имало голем земјотрес, веројатно со магнитуда од 7 степени, со силно локално тресење. Ударот би се слушнал низ целиот свет, а би предизвикал огромна штета во целиот регион“, додава тој.

„Би предизвикал исклучително голем бран на цунами во висина од еден километар околу кратерот, кој би се намалил до околу 5 метри кога ќе пристигне до брегот на Јужна Америка“, вели Николсон.

Првичните информации покажуваат дека кратерот бил формиран пред околу 66 милиони години. Сепак, постои неизвесност и можна е грешка од околу еден милион години.

Николсон вели дека е можно ударот на астероидот да е поврзан со ударот на Чиксулуб. Додава дека удар на астероид со оваа големина во Земјата се случува на секои 700.000 години.

Ако се поврзани, астероидот би можел да биде резултат од распаѓање на главниот астероид во близина на Земјата.

Откривањето на точната возраст на овој кратер е прилично тешко, и како што наведовме погоре во текстот, можно е само со бушење.

Дури и да се поврзани, овој удар би бил “џуџе” во споредба со Чиксулуб, но би се додал на целосниот каскадетен сет на последици.

„Разбирањето на точната врска на двата кратери е важна за да се открие што случува во Сончевиот систем во тоа време и би отворило многу нови и интересни прашања“, вели Николсон.

„На пример, ако имало два удари истовремено, дали има и други кратери во близина, и каков бил каскадниот ефект на евентуалните повеќекратни удари“, заклучува тој.