“AirCar” е тоа што сме го гледале по филмовите и сме замислувале дека го возиме.
Прототипот на летечкиот автомобил летал меѓу меѓународните аеродроми во Нитра и Братислава во Словачка, а летот траел 35 минути.
Хибридниот автомобилски авион “AirCar” е опремен со BMW мотор и користи редовно гориво од бензиска станица. Неговиот творец, професорот Штефан Клајн, рекол дека може да лета околу 1.000 километри на висина од 2.500 метри и дека досега имал вкупно 40 часа лет.
Потребни се две минути и 15 секунди автомобилот да се трансформира во авион.