„Нинтендо“ со новата верзија на својата речиси 40-години стара приказна за видеоигри, „Зелда“ цели повторно да го заживее бизнисот, по пријавениот пад на заработката.
Компанијата в петок ќе го објави продолжението со поднаслов „Tears of the Kingdom“. Сeриjалот за принцезата Зелда е продаден во вкупно 125 милиони примероци ширум светот од нејзиното прво објавување во 1986 година. Тој, според познавачите, стана своевидна „лектира“ за другите создавачи на видеоигри.
Но, и покрај овој успех и трајната популарност, меѓу другото, и на другите игри на „Нинтендо“, компанијата оваа недела објави загрижувачка прогноза.
Годинава се очекува пад на нето-добивката за 21 отсто во однос на лани. Од друга страна, некои познавачи веруваат дека новото продолжение на „Зелда“ може да стане и најпродаваната видеоигра во историјата.