недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

НОВИТЕТИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: „ВатсАп“ воведува уште една нова функција – еве каква

НОВИТЕТИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: „ВатсАп“ воведува уште една нова функција – еве каква

ВатсАп сè уште нема лесен начин за комуникација со броеви кои не се зачувани во вашите контакти.

Иако можете да испраќате пораки до незачувани контакти, целиот процес може да биде многу поедноставен.

Новата бета верзија за Андроиид покажува дека ВатсАп се обидува да го реши овој проблем.

Едноставно допирање на незачуван број во балонот за разговор ќе отвори неколку опции, од кои едната ќе ви овозможи веднаш да испратите порака до тој број.

Другите опции се појавуваат кога ќе го допрете овој незачуван број „Повикај“ и се појавува „Додај во контакти“.

Новата имплементација сè уште не е совршена. Главното ограничување е дека овие опции се можни само ако веќе постојат во разговорот.

Тоа значи дека бројот претходно морал да ви испрати порака или сте го направиле тоа за да ви бидат достапни опциите, пишува „PC Press“.