среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Новото Лаборџини е брзо како струја: Три електромотори и V12

Новото Лаборџини  е брзо како струја: Три електромотори и V12

Супербрзиот Lamborghini Revuelto ќе ја забрза италијанската луксузна марка во ерата на електричните автомобили, потпомогнат од приклучен хибриден погон.

Погонот на Revuelto го сочинуваат најсилниот V12 што досега го има произведено Lamborghini, со два електромотори напред и еден електромотор назад, со системска моќност до 1.015 КС.

Двоседот забрзува од 0-100 km/h за 2,5 секунди, што е 0,3 секунда побрзо од Aventador, кого што го наследува. Крајната брзина надминува 350 km/h.

Извршниот директор Штефан Винкелман кажа дека Revuelto чини околу 500.000 евра и дека тоа е „почеток на новата ера за Lamborghini.”

Понудата од модели на Lamborghini, којашто ја сочинуваат уште купето Huracan и супер-СУВ моделот Urus, ќе биде електрифицирана до завршетокот на 2024 година. Винкелман го најави тоа за време на презентацијата на моделот во Сант Агата Болоњезе.

Производството на Revuelto ќе почне во втората половина на годината, а првите возила ќе бидат испорачани кон завршетокот на годината, посочи Винкелман.

Директорот не наведува колкава очекува да биде продажбата на Revuelto, но затоа посочи дека нарачките покажуваат мошне позитивен тренд и однапред се распродадени првите две години продукција на моделот.

Revuelto ја следи традицијата на марката, за моделите да носат имиња од легендарни боречки бикови во историјата на Шпанија. Името на новиот модел доаѓа од шпанскиот збор што знали „немирно“.

Електромотори напред и назад кај Lamborghini Revuelto
Revuelto е прв модел на Lamborghini со приклучен хибриден погон. Италијанците претходно го произведуваа Sian, модел во ограничена серија базиран врз Aventador. Тој располага со 48-волтен електромотор, што добива енергија преку суперкондензатор.

Revuelto поседува 6,5-литарски мотор V12, атмосферски (без турбо) со моќност од 825 КС при 9.250 вртежи. Тој е комбиниран со еден електромотор назад и по еден електромотор за секое предно тркало.

Енергијата за електромоторите доаѓа од литиум јон батерија со капацитет од 3,8 киловатчасови, којашто е сместена во средишниот тунел.

Хибридот може чисто на струја да извози до 10 километри. Електормоторите воедно обезбедуваат и погон на сите тркала, а постигнуваат и ефект на торк-векторинг, односно распределба на точно толку вртежен момент до секое тркало, колку што е потребно во моментот – првпат во Lamborghini.

Со своите 218 килограми, моторот V12 на Revuelto е полесен 17 килограми од моторот во Aventador.

Вшмукувачките канали се целосно реконструирани за да се гарантира оптимално струење на воздухот во комората за согорување, а исто и самата комора е оптимирана. Резултатот од тоа е специфична моќност од 127 КС по литар, што е највисока вредност во историјата на мотори V12 на Lamborghini. Максималниот вртежен момент изнесува 725 њутнметри при 6.750 вртежи.

Нова положба на моторот
Како суштински дел од конструкцијата на возилото, моторот во Revuelto е свртен за 180 степени во споредба со Aventador.

Новиот осумстепен менувач со двојна спојка е поставен попречно зад моторот што е вграден надолжно пред задната оска. Тој менувач ќе се користи во сите идни модели на Lamborghini.

Lamborghini има конструрирано само уште два модели со мотор V12, со менувач вграден попречно зад моторот. Еден од нив е легендарната Miura, лансирана во 1966 година, другиот модел е Essenza SCV12, хиперавтомобил наменет за трки.

Сувата тежина на Revuelto изнесува 1.772 kg, што е 222 kg повеќе од Aventador Ultimae. Соодносот меѓу тежината и моќноста изнесува 1,75 килограм на КС. Карбон е користен во изобилство, со цел да се задржи ниската тежина, покрај додавањето на електромоторите и батеријата.

Распределбата на тежината е во сооднос од 44 проценти напред и 56 проценти на задната оска.

Дизајнот црпи инспирација од аеронаутиката, со скулптурирани површини и со две линии што се провлекуваат од носот, поминуваат преку кабината и моторот, за на крајот да се спуштат кон издувните цевки со осумаголен профил.

„Внесовме адреналин во формата“, кажува главниот дизајнер Митја Боркерт
Дизајнот на каросеријата влече црти од историските модели на Lamborghini, вклучувајќи го и самиот прототип на Countach од 1971 година, со врати што се отвораат исправено, со гребенот во задниот браник по пример на Diablo и со мускулестиот нос на Murcielago.

Предните и задните светла во форма на Y прикажуваат шема што се повторува и во внатрешноста, главно во средишната конзола и на врвот на арматурната табла.

Во кокпитот се сместен дигитални инструменти од 12,3 инчи, придружени од средишен дисплеј од 9,1 инчи.

Четири вртливи прекинувачи се поставени во краците на воланот, што служат за избор на режимите на возење, како и на системот за подигнување на автомобилот и за менување на аголот на задниот спојлер.

Првиот целосно електричен автомобил на Lamborghini доаѓа во 2028 година, а една година подоцна следи и вториот модел. Еден од нив ќе биде целосно нов модел, додека вториот е наследникот на Urus.