среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Ова се новите датуми за лансирање на „Артемис 1“

Ова се новите датуми за лансирање на „Артемис 1“

Американската вселенска агенција НАСА повторно ги смени датумите за следната можност за лансирање на „Артемис I“, првиот интегриран тест-лет на ракетата „Спејс лонч систем“ и вселенската сонда „Орион“ кон Месечината.

По два неуспешни обиди за лансирање на ракетата кон Месечината во само неколку дена (29 август и 3 септември), следниот обид веројатно ќе го следиме подоцна годинава.

Агенцијата ќе направи демонстрациски тест најдоцна на 21 септември, а го ажурира и датумот за можно лансирање за 27 септември, со потенцијално поместување до 2 октомври.

Новите датуми се одредени по внимателно разгледување на повеќе фактори и оставаат доволно време за тестирање и подготовка за лансирањето. Во текот на викендот заврши работата на поправките во врска со течењето на водород, а неделава ќе бидат направени дополнителни проверки за време на тестирањето.