Американските воздухопловни сили во декември ќе го претстават својот прв стратешки бомбардер, по 34 години.
Станува збор за бомбардерот B-21 Raider произведен од компанијата Northrop Grumman. Потребата за нов бомбардер е резултат од стареењето на актуелната американска флота на бомбардери, а развојот на системот на противвоздушната одбрана што ја користат противниците значи дека помалку од 10% од флотата моментално се способни да ја пробијат таа напредна одбрана.
Способноста на познатите бомбардери B-1 и B-52, како и B-2 во одредена мера, не се доволни да овозможат домет и пробојност на воздухопловните сили на САД.
Можностите на бомбардер засега се тајна, но познато е дека ќе можат да носат конвенционален и нуклеарен товар. Авионот е произведен од Northrop Grumman, истата компанија која го произведе B-2 и испорача stealth систем за F-35. Тоа може да значи дека B-21 можеби ќе има врвни stealth можности.
Американците планираат да купат 100 вакви авиони.