недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

ПОДГОТВЕТЕ ГИ ТЕЛЕФОНИТЕ – доаѓа драстична промена на Google Play

ПОДГОТВЕТЕ ГИ ТЕЛЕФОНИТЕ – доаѓа драстична промена на Google Play

Почнувајќи од оваа недела, Google ја ажурира својата Play Store, што би требало да ви ја олесни навигацијата низ морето достапни апликации.

По надградбата, ќе ви се прикажуваат само прегледи на апликации во зависност од типот на уред што го користите, без разлика дали се работи за телефон, таблет, Chromebook, Android Auto или некој од уредите за носење, како паметен часовник. Google ја објави оваа промена уште во август 2021 година и сега е подготвена за корисниците.

Во делот за прегледи на Play Store, ќе видите известување дека оценките се „проверени“ и ќе се прикажуваат повратни информации од луѓе кои користат ист тип на уред како вас.

Иако на прв поглед не изгледа многу, надградбата е исклучително корисна.

Ако користите, на пример, еден од мобилните телефони што се преклопуваат, јасно е дека сакате апликации прилагодени на тој уред, а прикажувањето критики од корисниците кои го поседуваат тој гаџет е доста ефикасно.

Се очекува ажурирањето да се појави на вашиот уред во следните неколку недели.