Додека „Porsche“ планира серија модификации за актуелната „Panamera“, германската марка има многу поголеми планови за следната генерација на овој модел.
Така, „Autoblog“ наведува дека се планира и електрична верзија на „Panamera“, на истата „SSP“ платформа која ќе биде основа за неодамна објавениот теренец на „Porsche“ со седум седишта. Таа „EV“ платформа ќе се користи и за втората генерација на „Taycan“ што доаѓа подоцна во оваа деценија.
Се верува дека „Panamera“ без мотор со внатрешно согорување ќе седи над „Taycan“ во гамата, што значи дека ќе добие поголема каросерија со подолго меѓуоскино растојание. Британскиот магазин тврди дека по големина ќе биде сличен на растегнатиот модел достапен денес, кој се протега до 5.199 милиметри и има меѓуоскино растојание од 3.100 mm.
Бидејќи ќе биде изграден на платформа за електрични автомобили, тоа значи дека електричната „Panamera“ ќе нуди супериорен внатрешен простор во однос на „Panamera LWB“ на бензински погон.
„Panamera EV“ наводно е во рана фаза на развој и затоа е малку веројатно да биде пуштена во продажба пред средината на деценијата кога големиот „SUV“ треба да излезе на улиците. Според „Autocar“, следниот „Taycan“ е закажан за 2027-ма година.
„Porsche“ работи и на понапредна технологија на батерии од 800 V за да постигне поголем опсег, додека се планираат верзии со еден и два електрични мотори.
Електричната „Panamera“ нема да значи крај на моторот со внатрешно согорување, бидејќи „Porsche“ има намера да го надгради моделот со погон на „SUS“ во 2023-та година и да го задржи во производство до крајот на деценијата. Тоа би значело преклопување од неколку години, што ќе биде случај и со „Macan“. Спортскиот кросовер следната година ќе добие „EV“ варијанта, која извесен период ќе се продава заедно со дериватите на „SUS“. Шансите се поголемиот „Cayenne“ да следи слична стратегија, а „Autocar“ наведува дека „Cayenne“ ќе добие „EV“ верзија во 2025-та година.
Единственото „Porsche“ што нема да добие чист електричен погон во блиска иднина ќе биде „911“, бидејќи германската марка ја отфрли својата „EV“ верзија за оваа деценија. Во меѓувреме, хибридниот погон пристигнува кон средината на деценијата, кога помалите спортски автомобили „718“ целосно ќе ги отфрлат своите „SUS“ верзии.