Откако Илон Маск го презема Твитер многумина го поставија прашањето што може сега да се очекува од оваа социјална мрежа.
Неговите првични најави за слобода на говорот и алгоритам на отворен код прилично биле општи па вработените во компанијата се прашуваат кои ќе бидат првите конкретни чекори.
Имено, за да го осигура финансирањето на Маск му била потребна помош од банка, а неговата комуникација со финансиски институции ги открива потезите за Твитер.
Се споменува нов извршен директор на фирмата, односно актуелниот ќе остане се до конечно склучување на зделката, по што на ова позиција ќе седне друг човек. Наводно, Маск веќе го знае новото име кое ќе биде најважното во оваа мрежа, но сепак во јавноста се уште тоа не е познато.
Тој најавил и намалувањето на платите за членовите на одборот и директорите, а она што сигурно нема да им се допадне на вработените во компанијата е дека во рамки на намалувањето на трошоците, Илон размислување и за откази. Колку луѓе и во кои сектори би можеле да останат без работа засега не е познато.