недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Пресврт! Пристигна првото електрично „Lamborghini“

Пресврт! Пристигна првото електрично „Lamborghini“

Концептот „Lanzador EV“ има 1.341 коњски сили и најавува продукциска верзија.

„Lamborghini“ го претстави својот прв автомобил на струја. Засега тоа е само концепт, но како што велат во италијанскиот произведувач, серискиот модел пристигнува на пазарот 2028-ма година и, иако ќе има електричен погон, ќе биде конкурент на „Ferrari Porosangue“.

Тоа значи дека зборуваме за кросовер со конфигурација 2+2 седишта во кабината.

Храбриот стил, футуристичката кабина и што е најважно, шокантната излезна сила од 1.341 коњски сили гарантираат дека возилото и тоа како ќе се поклопи со другите модели на „Lamborghini“, без оглед на тоа дали имаат конвенционален мотор или не.

Автомобилот има погон на сите 4 тркала, и тука спецификациите завршуваат – сосема доволно за еден концептен автомобил од чија продукциска верзија не делат повеќе од 4 години.

Концептот „Lanzador“ е најнов доказ за таканаречената декарбонизација на италијанскиот произведувач, насока во која „Lamborghini“ ќе се движи во блиска иднина.

За почетокот, секое „Lamborghini“ на некој начин ќе биде електрифицирано до крајот на 2024-та година, а „Lanzador“ ќе пристигне во 2028-ма година како четврти модел во линијата произведувачи на автомобили.

Серискиот „Lanzador“ ќе се произведе во близина на седиштето на компанијата во местото Сант’Агата Болоњезе, а „Lamborghini“ планира да вработи дополнителни работници за да го поддржи развојот и производството на електрични возила.

Цената е далеку од откривање, но со оглед на тоа дека најевтиното „Lambo“ во моментов чини повеќе од 200.000, не треба да се очекува дека таа ќе биде пристапна.