сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

„Rimac Nevera“ ја изгуби титулата најбрз (ВИДЕО)

„Rimac Nevera“ ја изгуби титулата најбрз (ВИДЕО)

Иако на хартија има нешто поконзервативни перформанси, братот на „Nevera“ се покажал како еднакво брз на патека. А за влакно урнал и еден рекорд.

За потсетување, „Rimac Nevera“ го држеше рекордот во натпреварување во забрзување на четвртина милја од април 2021-ва година. Делницата долга 402 метри електричниот супер-автомобил ја мина (од почетна состојба на мирување) по само 8,58 секунди.

Сега технолошкиот близнак се обиде да го направи истото. Станува збор за „Pininfarina Batista“, кој сега на патеката „Natrax“ во Индија постигна подобро време, но за одвај мерливи 0,03 секунди, пишува „Index“.

Се обиделе да возат и половина милја, и постигнале време од 13,38 секунди.

На успешниот обид за соборување на рекордот сведочеле новинари од „Autocar India“, додека зад воланот бил тест возачот Стефано Коста. Автомобилот бил стандарден во целост, вклучувајќи „Michelin Pilot Sport Cup 2 P“ гуми со кои доаѓа.

„Pininfarina Batista“ собори уште два рекорди. Со максимална брзина од 358,03 км/ч, станал најбрз автомобил во Индија. Ренука Кирпалани возела со брзина од 357,1 км/ч, и така станала најбрза Индијка зад волан во историјата.

Сепак, треба да се каже дека сите овие рекорди не ги потврди Гинисовиот комитет, туку домашниот „FMSCI“ (Федерација на клубови за мото-спортови во Индија), која е членка на „FIA“.

Да споменеме и дека „Pininfarina Batista“ се склопува во Италија, а за секој примерок потребни се 1.250 работни часови. Како и „Nevera“, понудена е серија од 150 примероци, а почетната цена на автомобилот е повеќе од 2 милиони евра.

Ова не е прв пат „Pininfarina Batista“ да „му зема мерка“ „Rimac“. Така кон крајот на минатата година соборила рекорд за забрзување до 100 и 200 километри на час, а поставила и рекорд во конкуренција на сериски електрични автомобили по пат со стопирање.

Тогаш „Pininfarina Batista“ достигнал 100 км/ч за 1,86 секунди, 200 км/ч за 4,75 секунди, а сопрел при 100 км/ч по 31 метар.