Ново истражување за влијанието на летечките скакулци на електричните полиња во атмосферата покажа дека мафтањето на ситните крилца може да го наелектризираат воздухот на сличен начин како и облаците за време на бура.
Тоа не значи дека треба да почнеме да се загрижуваме заради можните наелектризирани наезди на скакулците, туку дека при изработката на модели на локализирани примероци во атмосферското електрично поле треба да се земат предвид биолошките феномени.
Ако поблиску ги погледнеме атомите кои ја прават прашината, влагата и деловите од телото на инсектите, ќе видиме дека нивните електрони се тресат како ситни пари во џебот на некој кој одлучил да замине на утринско трчањем пишува Science Alert.
Ако тресењето стане доволно силно, може да се исфрлат негативно набиени честички, при што доаѓа до разлика која се нарекува градиент на потенцијалот. Во текот на бурата мали честички мраз кои се издигнуваат на столбовите на воздухот може да се тријат од фрагменти кои паѓаат кон тлото, генерирајќи набои кои ги зголемуваат градиентите на потенцијалот меѓу врвот и дното на и тлото.
Биологијата може да влијае на физиката
Иако не можеме да го видиме самото насобирање на набојот, може да ги забележиме последиците. Откако градиентот ќе достигне критична точка, се формираат јонизирани канали и доаѓа до урамнотежување на системот во налет кој го гледаме како молња.
Дуири и ако не се појави молња, зоните на спротивни набои може да влијаат на движењето на јоните, вклучувајќи разни загадувачи и честички прашина.
Различни фактори може да ја одредат големината и положбата на градиентот на потелцијалот, од движењето на облаците до врнежи, но досега никој не набљудувал како на тој феномен влијаат биолошките појави.
„Секогаш сме гледале како физиката влијае на билогијата. Во еден момент сфативме дека биологијата, исто така, може да влијае на физиката. Нѐ интересираше како различни организми ги користат статичките електрични полиња кои се наоѓаат речиси секаде во околината“, вели биологот Елард Хантинг, од Универзитетот Бристол во Велика Британија.
Последните години сфативме дека бубачките и други безрбетници може да имаат набои со мал потенцијал во однос на околната атмосфера. Младенчињата на пајакот можеби го користат тој трик за да лансираат во височина.
Наездата на скакулци и електричниот набој
Но, никога ш ен е измерено како изгледа овој мал потенцијал во рововите. Затоа Хантинг и неговите колеги набљудувале роеви пчели на Ветеринарниот факултет во Бристол.
Користејќи детектор за електрично поле, го следеле градиентот на потенцијал на летечкиот рој. Во текот на троминутниот лет градиентот над пчелите се издигнал на 100 волти по метар.
Со подоцнежна анализа потврдиле дека напонот бил поврзан со концентрацијата на ројот, поради што научниците успеале прецизно да предвидат како одреден број пчели кои поминуваат низ некое подрачје може да влијае на набојот на атмосферата.
Потоа тие пресметки ги примениле и кај други инсекти. Кога набојот на скакулците се зголемил на рој кој може да се какарктеризира како наезда, пресметале дека значителен број од нив потенцијално може да генерираат густина на набојот како оние на бура со грмотевици.
Истражувањето се нарекува Observed electric charge of insect swarms and their contribution to atmospheric electricity и е објавено во магазинот iScience.