Откако популарните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Ватсап паднаа и не беа достапни во целиот свет, се огласи и гигантот Фејсбук.
„Свесни сме дека некои луѓе имаат проблеми со пристапот до нашите апликации и производи. Работиме на тоа за да се вратат работите во нормала што е можно побрзо и се извинуваме за непријатностите“, истакнаа од Фејсбук на нивниот Твитер профил.
We’re aware that some people are having trouble accessing our apps and products. We’re working to get things back to normal as quickly as possible, and we apologize for any inconvenience.
— Facebook (@Facebook) October 4, 2021