сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Се појави наводна снимка од новиот „iPhone 14“

Се појави наводна снимка од новиот „iPhone 14“

Откриено што не чека од новиот модел?

Иако „Apple“ најави дека ќе го претстави „iPhone 14“ на настан закажан за 7 септември, се појави наводно видео од моделот кое веќе кружи на социјалните мрежи.

На видеото може да се види дека „iPhone 14„ е во нова боја, па задниот дел од телефонот под агол рефлектира виолетова светлина.

Луѓето кои со нетрпение го чекаат „iPhone 14“ коментираат дека камерата изгледа „евтино“, но се надеваат дека тоа е прототип, а не верзија со развиени детали.

Корисниците може да очекуваат и укинување на засекот на екранот кај моделите „ Pro “. „Apple“ се префрла на нов дизајн „punch hole“ со дупка за камерата и сензорите, а моделите „Pro“ ќе имаат и камера од 48 мегапиксели.

„iPhone 14“ ќе биде поскап од претходните модели, па се очекува цената да скокне за сто евра.