среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Се укинува популарната опција на Месинџер, еве што да направите ако ја користите

Се укинува популарната опција на Месинџер, еве што да направите ако ја користите

Понекогаш може да биде доста фрустрирачки кога Facebook Messenger со секоја апликација прашува дали сакате да го користите за испраќање СМС пораки.

Но, верувале или не, има многумина кои се токму за тоа – сите пораки на едно место. За нивна жал, стигнуваат лоши вести бидејќи од септември Facebook и официјално ќе ја укине опцијата.

-По ажурирањето што ќе пристигне на апликацијата на 28 септември, корисниците повеќе нема да можат да го користат Messenger за испраќање и примање СМС пораки, се вели во соопштението на Мета.

Затоа, се препорачува да ја вратите стандардната апликација за пораки со одење до поставките на телефонот, наоѓајќи „Апликации“ и потоа „Стандардни апликации“. Забележано е дека по ажурирањето, корисниците автоматски ќе почнат да добиваат СМС преку друга или стандардна апликација.

Оваа опција за првпат беше претставена во 2012 година, но Facebook многу брзо ја отстрани. Четири години подоцна, Фејсбук повторно ја воведе функцијата и ја задржа до сега. Кој знае дали ќе има трет обид…