Твитер го замени своето лого на почетната страница со фотографија од познатото „меме“ создадено во 2010 година.
Многу корисници на Твитер беа изненадени од овој потег. На социјалната мрежа пишуваат твитови упатени до Илон Маск прашувајќи се зошто тој го замени вообичаениот сино-бел дизајн на птица што куче.
„Илон, што правиш воопшто на Твитер во моментов?“, „Куче се појави на Твитер поради некоја причина и можам само да претпоставам дека ова требаше да биде првоаприлска шега“, „Илон, ми се чини дека навистина ти е досадно овие денови“, се дел од коментарите на Твитер.
— Elon Musk (@elonmusk) April 3, 2023
На крајот се огласи и самиот Маск кој објави „меме“ и скриншот од претходните објави на социјалните мрежи во кои вети дека ќе го промени логото на социјалната мрежа.
Претпоставката е дека користењето на популарното мем како лого е дел од првоаприлска шега, но веќе е 4-ти април и мемето се уште е на Твитер.