Доколку батеријата на вашиот мобилен телефон премногу брзо ви се празни, овој едноставен трик може да ви помогне. Кога станува збор за батериите на смартфоните важните се следниве прашања: Дали премногу често го полните телефонот? Дали го оставате на полнач преку ноќ и дали сето тоа го правите на правилен начин?
Докажано е дека полнењето на телефонот во кратки временски интервали не може да ја оштети батеријата. Не е точно ниту дека телефонот треба да се полни само кога батеријата е при крај.
Најпознатата компанија за производство на батерии “Кадекс“, наведува дека литиум-јонската батерија има свое „ниво на стрес“ коешто може да се зголеми. Имено, ако тоа ниво се зголеми со премногу полнење, нејзиниот животен век ќе се намали, што потоа на вас ќе ви претставува проблем.
Пред целосно да ви се наполни батеријата, треба да го ислучите телефонот од полнач. Никогаш не оставајте да ви се полни до 100 проценти. Никаде не е назначено дека батериите треба да се полнат до крај. Напротив, од компанијата предупредуваат дека високиот напон може да доведе до преоптеретување на батеријата што на крај ќе резултира со пократка трајност на истата.