Truth Social е социјална мрежа која во најголем дел од поддржана од поранешниот американски претседател Доналд Трамп, а сега по неколкумесечно одложување е достапна и на Гугл Плеј Стор.
Двете страни од крајот на август беа во конфликт околу одобрување на апликацијата во рамки на е-продавницата на Гугл. Од компанијата наводно истакнале дека проблемот бил во модерацијата на содржината на самата апликацијата.
Но, откако се е решено, сега апликацијата е достапка и за корисниците на Андроид.
Во својата полиса за приватност, Гугл бара апликациите со содржина која ја генерираат корисниците, да се почитува политиката која спречува насилно однесување и закани, како и механизми за примена на овие правила.