сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

„Спелфи“ – нова апликација за сликање од Вселената

„Спелфи“ – нова апликација за сликање од Вселената

Нова бесплатна апликација, наречена „Спелфи”, овозможува корисниците да се сликаат со помош на камери поставени на сателитите на Ербас за снимање на Земјата, коишто се поставени на околу 650 километри од нашата планета.

„Спелфи“ е кованица од англиските зборови „Space“ и „selfie“ (за „Вселена“ и „самослик“). На фотографиите нема да се гледаат лицата, со обѕир дека камерите се дизајнирани да сликаат цели групи луѓе, на настани како што се спортски собири, или пак – климатски протести.

Првиот таков вселенски самослик седмицава е прикажан на Би-би-си, а го направиле активисти на движењето „Збогум за пластичните ќеси”, кои протестираа на загадената плажа на азискиот остров Бали. Активистката Изабел Вијсен изјавии дека тоа било со умисла го направиле тоа – поради големиот напис – „Дејствуваме сега!“, кои се видел  и од Вселената.

Корисниците преку апликацијата го потврдуваат учеството на настанот. Потоа, знаат дека сателитот ќе ги фотографира, па ќе ја примат сликата.

-Моќта на „спелфито“ може глобално да ја подигне свеста, охрабрувајќи ги другите да се придружат и да посакаат и тие да ја создадат разликата, како што тоа го направи Изабел со движењето „Збогум за пластичните ќеси” на Бали, изјави Крис Њулендс, креатор на апликацијата.

Ербас поседува скоро 50 сателита за набљудување на Земјата од орбитата. (МИА)