недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Тесла со помоќни батерии ќе конкурира на обичните автомобили

Тесла со помоќни батерии ќе конкурира на обичните автомобили

Компанијата Тесла се подготвува да ги намали цените на своите автомобили до ниво на цените на автомобилите со мотори со внатрешно согорување со воведување многу поефтин батерии со подолг рок на траење.

Батериите ќе има моќност да создаваат електрична енергија за километража од еден милиони миљи (1.6 милиони километри), со капацитет на полнења зголемен од 1,6 илјади до 6.000.

Според достапните информации, акумулаторот ќе биде вграден во новите автомобили Тесла Модел 3 од кинеско производство, а потоа ќе почне да се вградува и во другите модели електро автомобили достапни на европскиот и американскиот пазар.

Елон Маск, основачот на Тесла, треба да го најави новиот акумулатор на компаниски настан при крајот на мај наречен „Ден на батерија“. Продажбите се планирани да започнат при крајот на 2020 година.

Батериите ќе се призведуваат во партнерство со „Амперекс технолочи“, кинески гигант за производство на батерии.

Компанијата најави дека со новите батерии, цените на најновите модели електро автомобили Тесла можат да се намалат до цените на обичните автомобили.