сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

„ТикТок шири штетни пораки на омраза и ја загрозува стабилноста“: Оваа земја ја забрани социјалната мрежа

„ТикТок шири штетни пораки на омраза и ја загрозува стабилноста“: Оваа земја ја забрани социјалната мрежа

Сенегал го прекина пристапот до апликацијата ТикТок до понатамошно известување, изјави денеска министерот за комуникации, неколку дена по ограничувањето на користењето на мобилниот интернет поради протестите на опозицијата.

„Министерот ја известува јавноста дека е забележано дека апликацијата ТикТок е социјалната мрежа што ја претпочитаат луѓе со лоша намера да шират штетни пораки на омраза што ја загрозуваат стабилноста на земјата“, се вели во изјавата на министерот.

Западноафриканската земја, исто така, го ограничи пристапот до интернет услугите од понеделникот, користејќи слично оправдување. Ограничувањата доаѓаат откако опозицискиот лидер Усман Сонко беше обвинет за заговор за бунт, криминален заговор и други дела. (МИА)