среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

ТикТок воведува нови правила за корисниците под 18 години, истражување покажува дека е поопасен отколку што мислат луѓето

ТикТок воведува нови правила за корисниците под 18 години, истражување покажува дека е поопасен отколку што мислат луѓето

Откако минатата година воведе услов за охрабрување на тинејџерите подобро да управуваат со времето на екранот, ТикТок најави дека наскоро ќе ги ограничи лицата под 18 години на 60 минути дневно на платформата.

Инаку, корисниците на платформата во сопственост на кинеската компанија ByteDance мора да имаат најмалку 13 години, а оние помлади од 18 за неколку недели ќе почнат да добиваат неделни известувања во апликацијата за времето што го поминале таму.

Кога ќе го достигнат новото ограничување од 60 минути, тинејџерите ќе можат да ја внесат шифрата на нивните родители за да продолжат да ја користат, доколку тие тоа го дозволат. Иако компанијата ByteDance тврди дека се одлучиле за новото ограничување исклучиво „за доброто на нивните најмлади корисници“, многумина мислат дека новите мерки на ТикТок во никој случај не се доволни.

Извршниот директор на Центарот за сузбивање на дигиталната омраза, Имран Ахмед, неодамна објави истражување кое покажува дека алгоритмот на ТикТок постојано ги „бомбардира“ тинејџерите со штетна содржина, а Ахмед верува дека оваа мерка нема значително да го промени тоа.

-ТикТок победи во трката за срцата и умовите на младите од 14 до 24 години. Алгоритмот на ТикТок предизвикува зависност како кокаинот и е поопасен отколку што мислат луѓето, и треба да се справиме со него итно, изјави тој за Би-Би-Си.

Ахмед истакнува дека истражувањето на неговиот центар на крајот од минатата година го покажало случајот на 13-годишна корисничка која, за само неколку минути по отворањето на сметката на ТикТок, почнала да добива содржини за нарушувања во исхраната и самоповредување..

Затоа тој ја повика платформата „да ги фокусира напорите не само на намалувањето на времето на екранот“, туку и на чистењето на доводите од штетна содржина, со цел да ја направи „побезбедна средина за децата“.

Во септември 2021 година, ТикТок објави дека има повеќе од една милијарда активни месечни корисници, што ја прави една од најголемите социјални мрежи во светот.