сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Твитер го менува името?!

Твитер го менува името?!

Сопственикот на Твитер, Илон Маск, ги потврди плановите и шпекулациите дека популарната социјална мрежа ќе го смени името.

Под објавата на „Дејли њуз“ на Твитер, во коментар на веста дека буквата „Х“ може да го замени сегашното име на социјалната мрежа, како и логото на сината птица, тој кратко напиша: „Точно“.

Маск претходно навести дека Твитер во иднина би можел да го промени брендот и името.