среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Твитер стана компанија во која сите мразат да работат – еве што и направи Илон Маск на лојалната директорката која спиеше на работа

Твитер стана компанија во која сите мразат да работат – еве што и направи Илон Маск на лојалната директорката која спиеше на работа

„Твитер“ отпушти повеќе вработени во осмиот круг отпуштања откако Илон Маск ја купи социјалната мрежа минатиот октомври.

„Њујорк тајмс“ наведува дека станува збор за 200 работници, што е 10 отсто од преостанатите 2.000 вработени, а порталот „Информејшн“ пишува за бројка од најмалку 50 отпуштања.

Отказите ги погодуваат инженерските тимови, вклучително и оние што ја одржуваат технологијата за рекламирање, главната апликација на „Твитер“ и техничката инфраструктура.

Меѓу отпуштените е и лојалната директорка за управување со производи, Естер Крафорд, како и основачите на помалите компании купени од „Твитер“ пред преземањето на Маск.

Компанијата отпушти околу 3.700 работници на почетокот на ноември како дел од мерките на Маск за намалување на трошоците. Бројот на вработени во „Твитер“ е намален речиси 75 отсто од октомври, а сега ги има околу 2.000.

Маск во ноември изјави дека социјалната мрежа забележува „голем пад на приходите“ бидејќи огласувачите се повлекуваат поради сомневањата за квалитетот на уредувањето на содржината на социјалната мрежа.

Маск ја купи компанијата за 44 милијарди долари и веднаш им ги подели првите откази на претходните директори.