четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Удар на метеорит во Месечината фатен на видео

Удар на метеорит во Месечината фатен на видео

Јапонскиот астроном Даичи Фуџи, куратор на градскиот музеј Хирацука, го снимил блесокот на метеорит кој удира во Месечината.

Овој вселенски настан се случил на 23 февруари во 20:14 часот по јапонско време. Се чини дека метеоритот удрил во близина на кратерот Ideler L, северозападно од кратерот Pitiscus.

Метеорите се движат со просечна брзина од околу 48.280 км/час. При ударот поради големите брзини се создава интензивна топлина и се формира кратер, односно се случува еден вид експлозија и такви настани доколку се доволно големи и доколку се случат во текот на лунарната ноќ на страна на Месечината свртена кон нас, може да се видат од Земјата.

Потенка атмосфера, повеќе удари од метеорити

„Новоформираниот кратер би можело да биде со дијаметар од десет метри и би можело да биде снимен од орбитерот Lunar Reconnaissance Orbiter на НАСА или индискиот Chandrayaan 2“, рече Фуџи, како што објави Space.com.

Иако метеорите влегуваат во нашата атмосфера секој ден, огромното мнозинство од нив согоруваат при влез. Но, Месечината има многу тенка егзосфера, што значи дека метеорите кои нема да стигнат до површината на Земјата обично ја погодуваат Месечината, додавајќи нов сегмент на нејзината живописна површина со кратери.