среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Вака би изгледал животот на Марс: НАСА направи центар за симулација

Вака би изгледал животот на Марс: НАСА направи центар за симулација

Четири волонтери една година ќе живеат на Земјата како да се на Марс.

Американската вселенска агенција „NASA“ ова лето ќе почне со симулација на живот на експедиција на Марс.

Четири волонтери ќе минат една година на простор од 160 квадратни метри кој ја симулира површината на Црвената планета.

Просторот опфаќа четири мали соби, две бањи, вертикална фарма за одгледување на храна, теретана и многу црвен песок, пишува „AFP“, а пренесува „France24. com“.

Ќе има и простор за медицинска нега, соба за релаксирање и неколку работни станици. Ќе има и лента за трчање по која наводно астронаутите ќе одат за да ја симулираат помалата гравитација на црвената планета.

Ова место на НАСА за симулација на Марс има за цел тестирање на животот за идните мисии на Марс. Наса во текот на пробниот период ќе го следи физичкото и менталното здравје на волонтерите за да подобро да ги разбере човечките можности за толку долга изолација.

Објектот, креиран за три планирани експерименти за истражување на здравјето и перформансите на екипажот (CHAPEA) се наоѓа во огромниот истражувачки центар на американската вселенска агенција во Хјустон во Тексас.