среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

ВЕРОЈАТНО НЕ СТЕ ЗНАЕЛЕ: Жолтите автомобили држат најдобра цена

ВЕРОЈАТНО НЕ СТЕ ЗНАЕЛЕ: Жолтите автомобили држат најдобра цена

Нова студија ја поврзува бојата и губењето на вредноста на возилото со текот на времето.

Пазарот на половни автомобили го следи пазарот на нови автомобили во однос на трендовите на цените.

Меѓутоа, кога станува збор за избор и понуда на бои, важат некои други правила. Ова го потврдува студијата направена на 1,3 милиони возила од 2020 година. При споредбата на цените и намалувањето на вредноста на автомобилот, земена е во предвид инфлацијата, а потоа цените се споредени според бојата и типот на возилото. Резултатите се изненадувачки.

Без разлика на типот на возилото, жолтата е секогаш најценета боја. Иако ретко е прв избор на купувачите при купување ново возило, жолтата боја е подобро котирана на половниот пазар. По три години, автомобилот губи околу 22,5 отсто од вредноста, додека жолтите автомобили губат само 13,5 отсто.

На второ место е беж бојата со пад на вредноста од 17,8 отсто. Повторно следат егзотичните бои портокалова, зелена и црвена. Белата, сината и сивата се исто така над пазарниот просек. На другиот крај на скалата, неславното последно место го држи златната боја. Тие автомобили по три години губат дури 25,9 отсто од вредноста.

Ако се работи за кабриолет, просечниот пад на вредноста на возилото по три години е 25,9 отсто, но ако е жолт, тогаш падот е 15 отсто. Кај купеата просекот е 12,2 отсто, а кај жолтите само 5,6 отсто. Најголемата разлика е видлива кај теренците. Тие губат просечна цена од 24,8 отсто, но ако се жолти, падот е само 9,1 отсто.

Треба да се напомене дека студијата го опфаќа американскиот пазар, а само изборот на боја на пазарот на половни возила стари до три години значи разлики во цените и до 5000 долари.