четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Вештачката интелигенција покажа како би изгледал Хит Леџер во улогата на Џокер – без шминка: „Ме преплаши…“ (ВИДЕО)

Вештачката интелигенција покажа како би изгледал Хит Леџер во улогата на Џокер – без шминка: „Ме преплаши…“ (ВИДЕО)

Вештачката интелигенција (AI) направила видео од Хит Леџер во улогата на легендарниот Џокер без шминка, а сцените ги избезумија многу од фановите.

Обожавателите видеото кое на интернет стана вирално го нарекоа „морничаво“ затоа што првпат го гледаат актерот како го глуми омилениот негативец без препознатливиот костум и шминка.

„Ова е навистина cool“, „Хит е еднакво импресивен во улогата на Џокер и со шминка и без неа“, „Морам да признаам дека видеото ме преплаши“, се само дел од коментарите.

Инаку, поминаа веќе 15 години откако Леџер почина од случајно предозирање на лекови. За улогата во „The Dark Knight“, второто продолжение за сагата на Бетмен каде прекрасно ја одигра улогата на Џокер, постхумно доби и Оскар. На актерот воедно тоа му беше и последната улога пред смртта.