Ако ви се чини дека времето лета побрзо од кога било, обвинете ја револуцијата. Имено, на 29 јуни, Земјата забележа необичен рекорд: најкраткиот ден од 1960-тите, кога научниците почнаа да ја мерат ротацијата на планетата со високопрецизни атомски часовници.
Општо земено, Земјата прави еден целосен круг на својата оска на секои 24 часа. Тоа едно вртење го означува денот и го активира циклусот на изгрејсонце и зајдисонце кој ги обликуваше обрасците на животот со милијарди години. Но, на 29 јуни, полноќ пристигна 1,59 милисекунди порано од очекуваното. Изминатите неколку години сведочиме на низа рекорди, при што сè почесто се забележани пократки денови. Во 2020 година, на Земјата имало 28 најкратки денови во изминатите 50 години, а најкраткиот од нив, на 19 јули, бил за 1,47 милисекунди пократок од 86.400 секунди кои сочинуваат 24 часа. Рекордот од 29 јуни бил блиску до повторно соборување минатиот месец, кога на 26 јули денот траел 1,5 милисекунди пократко.
Значи, планетата забрзува? Но, долгорочно гледано, во споредба со геолошкиот период на подемот и падот на диносаурусите, Земјата всушност ротира побавно од порано. Кога би го вратиЛе часовникот 1,4 милијарди години назад, денот би траел помалку од 19 часа. Во просек, деновите на Земјата стануваат подолги наместо пократки, за околу 74.000-ти дел од секундата секоја година. Месечината е главно виновна за тој ефект: гравитациското повлекување полека ја искривува планетата, создавајќи гасовито триење кое постојано ја забавува ротацијата на Земјата.
За да бидат усогласени стрелките на часовниците подредени со кружењето на планетите, Меѓународната унија за телекомуникации, тело на Обединетите нации, ги додава повремено тие престапни секунди во јуни или декември – последниот пат во 2016 година – делотворно запирајќи ги часовниците за секунда за Земјата да може да го фати ритамот. Првата престапна секунда е додадена во 1972 година. Следната можност е во декември 2022 година, иако со оглед на тоа што Земјата во последно време толку брзо се врти, малку е веројатно дека ќе биде потребна.
Додека Земјата долгорочно забавува, ситуацијата е полоша во пократки временски периоди. Внатре во Земјата се наоѓа стопено јадро; неговата површина е маса од континенти, океани и исчезнување на мразот. Целата планета е завиткана во густа покривка од гасови и се ниша додека се врти околу својата оска. Сето ова влијае на ротацијата на Земјата, забрзувајќи ја или забавувајќи ја, иако промените во суштина се незабележливи.
Според НАСА, посилните ветрови во годините на Ел Нињо можат да ја забават ротацијата на планетите, продолжувајќи го денот за дел од милисекунда. Земјотресите, од друга страна, можат да имаат спротивен ефект. Земјотресот во 2004 година што го предизвика цунамито во Индискиот Океан помести доволно карпи за да го скрати траењето на денот за речиси три микросекунди.
Сè што ја придвижува масата кон центарот на Земјата ќе ја забрза ротацијата на планетата, слично како што лизгачот на мраз кој се врти забрзува кога рацете ќе ги залепи до телото. Геолошката активност што ја турка масата од центарот нанадвор ќе има спротивен ефект и ќе ја забави ротацијата.
Како сите овие различни процеси се спојуваат за да влијаат на должината на денот е прашање со кое научниците сè уште се борат. Но, ако трендот на пократки денови продолжи подолго, тоа може да доведе до повици за првата „негативна престапна секунда“. Наместо да се додаде секунда на часовниците, прифатеното време ќе прескокне секунда за да биде во чекор со планетата која побрзо се врти. Ова, пак, за возврат може да има одредени последици, повторно отворајќи ја дебатата за тоа дали, по повеќе од 5.000 години, дефинирањето на времето со движењето на планетата е идеја чие време истече.