Холандски навивач си играл мајтап со своите соседи, кои што организирано во својот двор го следеле натпреварот против Австрија, но со задоцнување повеќе од околу 30 секунди.
Имено, навивачот на Холандија по име Карлос Ван Ервен, знаејќи дека соседите натпреварот го следат со задоцнет пренос од половина минута, тој заедно со своите пријатели на „себичен“ начин извикуваа како да паднал гол, притоа терајќи ги своите соседи да се радуваат на ништо.
Видеото со брзина на светлината се прошири на социјалните мрежи и предизвика бура на реакции во фудбалската јавност.
Инаку, Ван Ервен за ваквиот гест од изманипулираните соседи за возврат доби среден прст.
They pretended Depay's missed chance was a goal to prank their neighbors who were on a delay 😂
(via carlosvanerven/Instagram) pic.twitter.com/P6NZjqohgH
— ESPN FC (@ESPNFC) June 19, 2021