Јутјуберот „JerryRigEverything“ го стави „iPhone 15 Pro Max“ на истиот тест за издржливост со кој ги тестира и другите телефони, и иако на почетокот изгледало ветувачки, неговото тестирање открило критична грешка на телефонот.
Изнаоѓањето начини како паметните телефони да бидат издржливи е приоритет за производителите, како и подобрувањето на перформансите со текот на годините, а „Apple“ е познат по напредокот во оваа област. Телефоните на „Apple“ може да издржат удари, па дури и ако екранот пукне на неколку места, повеќето „iPhone“ модели продолжуваат да работат.
Се чинело дека „iPhone 15 Pro Max“ е сличен пред „JerryRigEverything“ да ја тестира издржливоста на телефонот, но истиот спектакуларно потфрли кога го притиснал задното стакло. Иако Јутјуберот бил скептичен за нивното тврдење дека е обработен од титаниум од петто ниво, самиот телефон добро го издржал тестот на гребење.
Тој успеал со нож да го отстрани финишот од страните на телефонот, но екранот и сите камери одлично издржале под притисокот. Сепак, се појавил критичен недостаток кога „JerryRigEverything“ одлучил да го свитка телефонот со рацете за да види што ќе се случи. И додека телефонот не попуштил, задното стакло речиси веднаш се скршило.
По помалку од секунда притискање на задниот дел од телефонот, стаклото попуштило. Иако ова не влијае на функцијата на „iPhone 15 Pro Max“, не е добро сосема нов телефон да се витка толку лесно, а за оние кои го чуваат телефонот во задниот џеб, таквиот притисок може да биде погубен.