четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

ВИДЕО: Кометата Нишимура вечерва го осветли небото на северната хемисфера на Земјата

ВИДЕО: Кометата Нишимура вечерва го осветли небото на северната хемисфера на Земјата

Новооткриената светла комета вечерва на 12 септември ќе го осветли небото на северната хемисфера на Земјата, а потоа околу 17 септември, за да се врати по 400 години, поточно 435 години.

Денеска кометата е најблиску до Земјата и ќе прелета покрај неа со брзина од 386.242 километри на час, а можеше да се набљудува веќе на 10 септември, во раните утрински часови, непосредно пред зори.

Аматерскиот астроном Хидео Нишимура од јапонскиот град Кагава ја откри оваа комета во август. Тој ги снимал експозициите користејќи стандарден фотоапарат од Канон и телефото леќа, а по обработката на експозициите стана очигледно дека има светлен објект кој брзо минува низ нашиот внатрешен сончев систем.

Мајнор планет центер официјално го потврди откритието и ја именуваше кометата Ц/2023 П1 (Нишимура), а буквата „Ц“ означува непериодична комета. Ова значи дека овие типови на комети потекнуваат од Ортовиот облак и можат или да поминат низ Сончевиот систем само еднаш или да имаат орбитални периоди кои се движат од 200 до неколку илјади години пред да се вратат во близина на Сонцето.

На 18 септември Нишимура ќе биде најблиску до Сонцето во својата орбита, а доколку може да го издржи зрачењето и не се распадне, ќе направи круг и ќе се врати назад.