четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

ВИДЕО: Ова се најпопуларните интернет страни од 1993 до денес

ВИДЕО: Ова се најпопуларните интернет страни од 1993 до денес

Од почетокот на Интернетот, различни веб-страници добија значење и станаа популарни меѓу корисниците. Видеото објавено на Твитер покажува кои интернет страни биле најпопуларни до 1993 година до 2022 година.

Снимката од растот на сообраќајот на веб-страниците покажува дека во 1993 година, најпопуларна платформа била AOL, која нуди услуги за е-пошта . Во тој период, AOL имал 20 милиони месечни посети. По него, најпопуларни сајтови биле Prodigy, Compuserve, Bloomberg и IMDb.

Видеото потоа го следи растот на популарноста на Yahoo, кој се искачува на второто место уште во 1994 година, а третото и четвртото место во периодот до 1997 година ги држат Geocities и Netscape. До 1998 година, MSN е на второто место, а до 2000 година, Јаху ќе стане најпосетувана веб-страница со 400 милиони посети месечно.

Исто така, eBay се издвојува на четвртото место со 144 милиони посети. Во тој период започнува „растот“ на Google, а во 2006 година ќе го заземе првото место на листата со пет милијарди посети. Во 2008 година Јаху ќе го врати првото место со девет милијарди посети, додека Фејсбук и Јутјуб го заземаат третото и четвртото место.

До 2012 година, Google повторно ќе стане број еден, а Фејсбук и Јутјуб ќе го надминат Јаху по бројот на посети. Во периодот до 2015 година на листата на најпосетувани се појавуваат Инстаграм, Твитер и Википедија.

До јануари 2022 година, кога завршува овој хронолошки преглед, Google ќе ја задржи првата позиција со 80 милијарди посети месечно.