Кинеската технолошка компанија „ДЈИ“ (DJI) го претстави дронот за снимање – „Мавик 3 класик“ (Mavic 3 Classic), по цена до 1.899 долари.
За разлика од малку постариот „Мавик 2 про“, кој чини 1.449 долари, ДЈИ смета дека и тоа е едноставно решение во облик на дрон, но со малку пониски спецификации. Фото-дронот „Мавик 3“ има 20-мегапикселна „Хаселблад“ камера што може да снима 5,1К видео до 50 фрејмови, односно 4К видео со 60 фрејма. Дронот може да мине 46 минути во лет, а досегот му е 15 километри. Сепак, на корисниците и натаму им се советува да го користат дронот во нивното видно поле, но на располагање имаат „Ерсенс АДС-Б“ приемник којшто предупредува на можно летало во близина, ако дронот е на голема височина.
Може да се каже дека „Мавик 3 класик“ не е наменет за почетници.
Во додатоците кои влијаат на тарифните цени спаѓаат далечински управувачи, полначи, батерии, центар за полнење, тивки пропелери и торбичка за носење на дронот.