сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Внимавајте на чии профили ќе кликнетe, Фејсбук испраќа барање за пријателство до сите

Внимавајте на чии профили ќе кликнетe, Фејсбук испраќа барање за пријателство до сите

Дали деновиве добивте многу барања за пријателство на Фејсбук? Многу корисници се преплавени од нови барања за поврзување на популарната социјална мрежа.

Според извештаите на корисниците, станува збор за т.н „баг“ на Фејсбук, односно грешка во системот што испраќа барање до сите чиј профил сте го прегледале.

На страницата која открива проблеми на познати веб-страници, многумина се пожалија на овој проблем.

Фејсбук се уште нема објавено официјално соопштение за овој проблем. Во пракса, овие и слични проблеми ќе се решат многу брзо.