петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Во Австралија ТикТок ќе биде недостапен за владините мобилни апарати

Во Австралија ТикТок ќе биде недостапен за владините мобилни апарати

Австралија ќе ја забрани кинеската апликација ТикТок на сите владини мобилни уреди, со што ќе се приклучи на серија слични безбедносни одлуки во голем број западни земји, изјави министерот за правда и јавен обвинител Марк Драјфус.

– Таквата одлука е донесена по совет на австралиските разузнавачки служби и ќе биде спроведена што е можно поскоро, наведе Драјфус.

Тој додаде дека евентуални исклучоци ќе бидат дозволени од случај до случај и со спроведување на соодветни безбедносни мерки.

Според австралиските медиуми премиерот Ентони Албанезе се согласил да го забрани ТикТок на сите владини мобилни уреди откако добил совет врз основа на анализата на Министерството за внатрешни работи.  (МИА)