вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Во кои држави во ЕУ се возат најстари автомобили?!

Во кои држави во ЕУ се возат најстари автомобили?!

Најголем дел од најновите патнички автомобили (стари две години и помалку) меѓу земјите-членки на Европската унија на крајот на 2020 година е регистриран во Луксембург, каде што се околу 22 отсто од сите патнички автомобили, покажуваат податоците на Заводот за статистика на ЕУ (Евростат).

Се додава дека по Луксембург следуваат Франција, Австрија, Ирска, Белгија и Шведска, кои имаат меѓу 16 и 17 отсто од најновите патнички возила од вкупниот број автомобили.

Исто така, најголем удел на патнички автомобили на возраст од две до пет години е забележан во Луксембург и Ирска (по 28 проценти) и во Белгија (24 проценти).

Од друга страна, најголем дел од најстарите патнички автомобили (20 години и постари) е забележан во Полска (40 проценти), Естонија (33 проценти) и Финска (28 проценти).

Кога се комбинираат двете најстари возрасни категории на возила, најголем удел на патнички автомобили постари од 10 години е регистриран во Литванија (81 отсто), потоа Романија (80 отсто) и Полска (78 отсто).

Ова е во целосна спротивност со Луксембург, кој има само 24 проценти од постарите возила, Ирска (29 проценти) и Белгија (32 проценти), каде што сочинуваат помалку од една третина од сите патнички возила.

Исто така, Евростат забележува дека нема податоци за Бугарија, Грција, Словачка и Исланд.