НАСА изврши успешна демонстрација на топлотниот штит LOFTID, лансиран со помош на ракетата Atlas V на компанијата United Launch Alliance (ULA).
По лансирањето, штитот бил успешно отворен, па спуштен во океанот во близина на Хаваи. Целата мисија траела околу 2 часа.
Топлотниот штит е лансиран заедно со метеоролошкиот сателит Joint Polar Satellite System (JPSS) кој е успешно сместен во поларната орбита. Овој сателит ќе собира податоци за времето наменети за Националната администрација за океани и атмосфери.
Ова беше последно лансирање на ракетата Atlas V од базата Вандеберг во Калифорнија бидејќи ULA се подготвува за првото лансирање на ракетата Vulcan Centaur од следната генерација.
Тестирањето на LOFTID ќе им овозможи на идните мисии во вселената употреба на компактен топлотен штит во однос на товарот, кој може да се расколи пред леталото да влезе во атмосферата на планетата.
Технологијата користена за развој на LOFTID ќе биде користена и на Земјата, велат од НАСА.
Демонстрацијата во орбитата беше извршена на висина од 125 км, по што штитот почна да се спушта и повторно влезе во атмосферата на Земјата, за да на крајот заврши во океанот.
Дизајниран е да издржи температура над 1.600 степени, на толку е изложен при влегување во атмосферата.
Go #LOFTID! See our inflatable heat shield @NASA_Technology test separate from its @ulalaunch Centaur upper stage rocket. Watch live through splashdown: https://t.co/BgScjbdJW6
How LOFTID might help land future astronauts on Mars: https://t.co/eDRGA9TbKf pic.twitter.com/1y9Tf34KtJ
— NASA (@NASA) November 10, 2022