Видеото покажуваа колку всушност „Nevera“ е брз автомобил.
На социјалните мрежи се шири видео кое на својот профил го споделил и Мате Римац со коментар „Бела Невера забележана во дивините на Калифорнија“, мислејќи на непреченото возење на автопатот во насока на Сан Хозе.
Видеото е снимено од „Ferrari 458“, а во возењето друштво им прави и една хибридна „Acura NSX“. Адреналинот расте и само прашање на време е кога „ќе падне“ трка. Меѓутоа, работата во свои раце веднаш ја презема возачот на „Nevera“. Не грижејќи се многу за околниот сообраќај, а уште помалку за сообраќајните правила, притиснува на гасот.
„Nevera“ буквално во секунда се одлепува од „Ferrari“ и „Acura“, кои едноставно не можат да ја следат. Младите возачи на спортските автомобили и покрај поразот се полни со воодушевување кон автомобилот на Римац.
Покажувањето на мускули сепак не трае долго бидејќи „Nevera“ се исклучува од автопатот, а останатите учесници заклучуваат дека станува за нереален автомобил.
„Ова е некое друго ниво“, вели возачот на „Acura“.