среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Вработените во „Tesla“ фатени како потајно симнуваат видеоснимки од возилата и ги споделуваат

Вработените во „Tesla“ фатени како потајно симнуваат видеоснимки од возилата и ги споделуваат

Едно видео од 2021-ва година прикажува автомобил на „Tesla“ како вози низ резиденцијална населба и удира во дете на велосипед.

Меѓу 2019. и 2022. група вработени во американската компанија „Tesla“ потајно симнувала приватни видеоснимки од автомобилите на купувачите и меѓусебно ги споделувала, а некои од видеата биле многу приватни, изјавиле за „Reuters“ девет поранешни вработени во таа компанија.

Автомобилите на „Tesla“ имаат камери кои помагаат при возењето, но и, како што наведува американската компанија, камерите се направени да ја штитат вашата приватност од „дно до врв“.

Некои од снимките кои ги украле вработените ги фатиле купувачите во некои многу непријатни ситуации, додале сведоците.

Еден поранешен работник опишал видео во кое се гледа како маж сосема гол приоѓа до автомобилот. Исто така, се споделувале и видеоснимки од судира и сообраќајни инциденти. Едно видео од 2021-ва година прикажува автомобил на „Tesla“ како вози низ резиденцијална населба и удира во дете на велосипед. Детето одлетало во една насока, велосипедот во друга. Видеото се проширило во канцеларијата на „Tesla“ во Калифорнија како пожар, додал поранешен вработен.

„Reuters“ јавува дека имало и други снимки, но дека не можеле да ги пронајдат, за кои поранешните вработени велат дека не ги сочувале.

Компанијата бара од сопствениците на автомобилите да им дадат дозвола за користење на екраните чувствителни на допир пред „Tesla“ да ги собере нивните податоци, пишува „Seebiz.eu“.

„Вашите податоци ви припаѓаат вам“, стои на сајтот на Тесла.

Во одделот за приватност, „Tesla“ објаснува дека ако купувачот прифати неговите податоци да се споделуваат, вашето возило може да собира податоци и да и ги стави на располагање на компанијата за анализа.

„Може дополнително да и помогне на „Tesla“ да ги подобри производите, опремата и брзата идентификација на проблемите“. Исто така, може да се снимат кратки видеа или фотографии, но тоа не е поврзано со корисничката сметка или со идентификацискиот број на возилото и не го открива вашиот идентитет, истакнува сајтот.

Карло Плитц, германски адвокат за приватност, за „Reuters“ изјавил дека би било тешко да се пронајде правно оправдување според Европскиот закон за заштита на податоците и приватноста за циркулирањето на видеата од возилата преку интернет од страна на компанијата ако тоа нема никаква врска со безбедноста и функционалноста на возилото.