петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

WhatsApp воведе можност за праќање пораки самите себе

WhatsApp воведе можност за праќање пораки самите себе

Конечно WhatsApp ја воведе оваа чудна, но доста корисна функција за испраќање пораки самите себе.

WhatsApp конечно на својот сервис ја донесе функцијата која веќе долго ја имаат неговите конкуренти, но и останатите платформи во сопственост на команијата Meta – праќање пораки сам себеси. Како што наведува WaBetaInfo, новата можност е достапна на верзијата 22.23.74 на iOS, односно верзијата 2.22.23.77 на Android.

Зошто некој би сакал сам на себе да си прати порака? Причината е многу едноставна – некои луѓе оваа функција ја користат за брзо да си ги запишат идеите, некои како потсетник, а трети за да зачуваат линкови. Оваа функција исто така може да биде корисна и за споделување датотеки од една платформа на друга. На пример, можете сами себе на телефонот да си пратите слика, а потоа да ја преземете на компјутер – не е идеално решение, но функционира.

Некои платформи за размена на пораки, како што се Slack и Telegram, на своите корисници им овозможуваат да праќаат пораки самите себеси, а истата функција веќе долго време е достапна и на Messenger и Instagram апликациите. За жал, веројатно најпопуларната апликација за допишување кај нас, Viber, и натаму ја нема оваа можност.

Значи, како самите себе да си пратите порака на WhatsApp? Едноставно отворете нов чет, а кога ќе ви бидат понудени контактите на кои можете да им пишувате, вашето име ќе го видите на врвот на листата. Кога ќе ја одберете опцијата со вашето име ќе се отвори чет со поднаслов Message yourself.

Доколку оваа функција сѐ уште не ви се покажува, не грижете се, новата верзија не стигнала до вас, а тоа наскоро сигурно ќе се случи.