На почетокот на годината можевме да видиме како ќе изгледа првиот автомобил на „Xiaomi“, а сега го дознаваме и името.
Судејќи по вестите, кинескиот чин ги претркал своите IT ривали кои порано најавуваа влез во светот на автомобилите. „Xiaomi“ доаѓа прв, и тоа со електричен модел кој ќе се нарекува „Modena“.
„Xiaomi“ својот план за развој на автомобили го откри пред две години, а веќе во јануари оваа година можевме да ги видиме и првите фотографии од новиот модел. Компанијата минатиот месец доби и владина потврда за можен почеток на производство.
Новиот модел носи кодно име „MS11“, но некои медиуми дознаваат дека моделот ќе се вика „Modena“. „Car News China“ известува дека производството на првата серија веќе почнало, и тоа со интензитет од 50 автомобили неделно.
„Xiaomi“ сега чека дозвола од кинеското министерство за економија и информатичка технологија, а откако ќе ја добие, ќе почне и продажбата. Се претпоставува дека возилото ќе чини 27.400 евра, а на кинескиот пазар ќе им конкурира на „Tesla Model 3“ и „BYD Seal“.
Технички информации речиси и да нема, а последните зборуваат за батерија со капацитет од дури 101 kWh, што би значело досег од 800 километри.