Популарната услуга за стриминг тестира нов производ за игри, наречен „Playables“, кој ќе биде достапен за мобилни и десктоп платформи.
Очигледно, Google ја разгледува можноста онлајн игрите да станат нов извор на приход за YouTube, како што објави Wall Street Journal.
YouTube наводно ги поканил своите вработени да тестираат нов производ наречен Playables, кој им овозможува на корисниците пристап до онлајн игрите директно на YouTube.
Врз основа на внатрешната кореспонденција видена од WSJ, игрите ќе бидат достапни и на мобилни уреди и на десктоп компјутери.
Корисниците ќе можат да ги репродуцираат на страницата на YouTube преку веб-прелистувач или апликација, без разлика дали се работи за уред со Android или iOS.
Иако извештајот сугерира дека неколку игри во моментов се достапни за тестирање, само Stack Bounce е конкретно споменато. Станува збор за аркадна игра, која им овозможува на играчите да уништат слоеви од цигли користејќи топка која отскокнува.
YouTube веќе заработува од стриминг игри, но можноста за играње директно на платформата би донела дополнителен приход, во време кога профитот генериран од рекламите се намалува.