петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Zenvo Aurora „лета“ со 450,6 км/час и чини 2,59 милиони евра

Данската компанија Zenvo официјално го претстави својот нов хиперавтомобил Aurora во Калифорнија.

Zenvo нуди две верзии на Aurora. Двете верзии се ограничени на 50 примероци, а производството започнува во 2026 година. Цената на еден примерок е најмалку 2,59 милиони евра.

Без разлика на верзијата, хиперавтомобилот го придвижува 6,6-литарски V12 quad-turbo мотор развиен од Mahle Powertrain. Овој мотор самостојно развива 1.250 КС и „врти“ со 9.800 вртежи во минута.

Верзијата Agil има погон на задните тркала и еден електричен мотор кој ја зголемува вкупната моќност на 1.450 и 1.400 Nm вртежен момент, забрзува од 0 до 100 км/час за 2,5 секунди, а до 200 за 4,6 секунди. Максималната брзина е нешто повеќе од 365 км/час.

Верзијата Tour има уште два електромотори кои ги придвижуваат предните тркала, така што возачот има погон на четири тркала. Вкупната моќност е 1.850 КС и 1.700 Nm вртежен момент, што е доволно за Aurora да забрза од 0 до 100 км/час за 3,2 секунди и да достигне максимална брзина од 450,6 км/час. Дополнителни мотори се опционално достапни за Agil.

Моторот е поврзан со седумстепен менувач кој има електричен мотор, кој се вклучува кога се движи наназад и делува како стартер за погонската единица. Agil и Tur имаат различни поставки на менувачот. Што се однесува до батеријата, Zenvo не откри детали.

Agil тежи 1.300 кг и генерира 880 кг надолна сила при брзина од 250 км/час, додека Touring тежи 1.450 кг поради дополнителните два мотори.